Србија забрани влез на хрватски камиони

Србија забрани влез на хрватски товарни камиони на заедничката граница како одговор на хрватските гранични рестрикции со цел запирање на бранот мигранти и бегалци. Ова е последен чекор во скоро еднонеделните несогласувања меѓу двете земји предизвикани поради големиот бран бегалци кои од Србија, преку Хрватска сакаат да одат во западните земји членки на Европската унија. Само неколку часа пред овој потег двете страни дозволија да продолжи товарниот сообраќај на главниот граничен премин Бајаково кој беше блокиран два дена. Хрватска сака со тој потег да ги натера бегалците повторно да се пренасочат на српската граница со Унгарија која е затворена од минатата недела.