Ердоган и Абас на отворање на џамија во Москва

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и палестинскиот лидер Махмуд Абас се Москва на отворање на нова џамија. На свеченоста присуствуваа и рускиот претседател Владимир Путин, чеченсклиот лидер Рамзан Кадиров и американскиот амбасадор во Москва Џон Тефт. За време на посетата во Москва, Ердоган ќе има средба со Путин. Џамијата позната како „Московска катедрална џамија, беше срушена пред четири години со цел целосно да биде реконструирана. Џамијата била изградена во 1904 година. Новоизградениот објект може да прими 10 илјади верници на површина од 19 илјади метри квадратни. Во уредувањето на внатрешноста на џамијата во Москва помогна турската Управа за верски прашања.