Во Хрватска вчера влегле над 9000 имигранти

Над 9.000 имигранти влегле само во текот на вчерашниот ден во Хрватска, што е рекорден број откако пред една недела почнаа да пристигнуваат во земјата членка на ЕУ. Како што соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи, вкупно 8.750 имигранти влегле вчера во Хрватска. За една седмица до утрово над 44.000 имигранти влегле во Хрватска од Србија, соопшти Министерството.