Русија вети контрамерки ако САД го надгради нуклеарното оружје во Германија

Русија вели дека ќе биде принудена да преземе контрамерки за да се врати „рамнотежата на моќта“ во Европа, ако се точни извештаите во медиумите дека САД планира да го надгради нуклеарното оружје во Германија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитиј Песков денеска коментираше врз основа на извештај на германската телевизија ЗДФ, дека САД оваа година планира да стави 20 нови тактички нуклеарни бомби во германската воздухопловна база Бухел.

Песков рече дека таков потег „може да ја промени рамнотежата на моќта во Европа“ и ќе значи Русија „да преземе неопходни контрамерки за да се врати стратегиската рамнотежа.“

Тој додаде дека надградбата на нуклеарните бомби во воздухоловната база ќе значи уште еден чекор кон ескалација на тензиите на европскиот континент.