Камионџии блокираат сообраќај меѓу Србија и Хрватска

Камионџии налутени поради тоа што со денови чекаат на хрватската граница со Србија синоќа го блокираа целиот сообраќај на автопатот меѓу двете земји. Српската телевизија покажа возачи кои го блокираат автопатот на границата само неколку часа откако хрватските власти делумно ја укинаа забраната за целиот товарен сообраќај што го воведоа на 21 овој месец. Разочараните возачи паркирале неколку камиони на преминот Бајаково, Батровци и не дозволувале никаков сообраќај.