Тензии меѓу Хрватска и Србија околу бегалците

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ ја повика Србија да го рестартира насочувањето на мигрантите кон Унгарија и Романија, за да помогне во олеснувањето на товарот во неговата земја. Повикот доаѓа откако српскиот премиер Александар Вучиќ се обрати кон Европската Комисија да одговори на хрватското затворање на границите со Србија, заканувајќи се со контрамерки. Унгарија на 15 септември ги затвори своите граници со Србија за да го запре масовниот прилив на бегалците. Потоа Србија почна да ги пренасочува бегалците кон Хрватска, којашто остави само еден отворен граничен премин со Србија.