Убиени најмалку 10 војници во Авганистан

Авганистанските власти велат дека најмалку 10 војници се убиени, во како што го нарекуваат „инсајдерски напад“ на северот на земјата. Локалните власти во провинцијата Ѓузан велат дека нападот се случил во раните утрински часови, откако еден војник им дозволил на бунтовниците да влезат во контролниот пункт. Војникот и неодреден број на напаѓачи се убиени во престрелката со авганистанските војници. Ниту една група веднаш не ја презема одговорноста за нападот.