Во Берлин истрага за можни терористички активности

Полицијата во Берлин соопшти дека денеска извршила претрес во осум згради, вклучувајќи и една џамија по повеќемесечната истрага во врска со исламистички екстремисти инволвирани во терористички активисти. Според полицијата, главни осомничени биле еден 51 годишен Мароканец кој охрабрувал други луѓе да одат да се борат против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и еден 19 годишен македонски државјанин кој бил под сомневање дека учествувал во борбите во Сирија.