САД: Иран соработува со нуклеарните инспектори

Јукија Амано

Соединетите држави гледаат знаци оти Иран соработува со инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија. Ова го изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернст откако претходно Меѓународната агенција соопшти дека бил направен значителен напредок во испитувањата за можната воена димензија на иранската нуклеарна програма. Директорот на Меѓународната агенција Јукија Амано изјави дека Иран предал примероци од околината на контроверзната воена база Парчин.