Руски дронови ја надлетуваат Сирија

Американски официјални претставници соопштија дека Русија почнала со дронови да ја надгледува територијата на Сирија. Од друга страна неименувани американски претставници за агенцијата Франс прес изјавиле дека Русија разместила 28 борбени авиони на аеродромот во западната сириска провинција Латакија. Исто така постојат наводи дека таму имало и дваесетина руски борбени хеликоптери. Западот изрази загриженост поради зголемувањето на руското воено присуство во Сирија, сомневајќи се дека тоа е со намера да и се даде поддршка на владата на претседателот Башар ал Асад.