Молдавскиот гувернер на Народната банка поднесе оставка

Молдавскиот гувернер на Народната банка, Дорин Драгутану, поднесе оставка откако беше критикуван дека не успеал да го спречи минатогодишното масовно исцрпување на пари од локалните банки. Исчезнувањето на околу една милијарда долари од молдавските банки во 2014 година, предизвика намалување на вредноста на валутата, суспензија на финансиската помош од Западот, и масовни улични протести. Драгатану ги отфрли критиките против него за изгубените средства, велејќи дека постојано ги предупредувал властите за ризиците кои довеле до исчезнување на парите од банките. Тој денеска истакна дека поднесува оставка поради притисоци од некои политичари. Претседателот Николае Тимофти и премиерот Валериу Стрелет, за кои десетици илјади демонстранти исто така повикуваат да поднесат оставки, велат дека Драгутану е отстранет од функцијата. Оставката на гувернерот доаѓа еден ден пред почетокот на критичните преговори меѓу молдавската Влада и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).