Путин и Нетанјаху разговараа за ситуацијата во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поради загриженоста на Израел за руското воено присуство во Сирија. Нетанјаху му рекол на Путин дека е решен да ја запре испораката на оружје на либанската исламистичка група Хезболах, и ги обвини сириската армија и Иран дека се обидуваат да направат „втор терористички фронт“ против Израел. „Сириската армија и Сирија како целина е во состојба во која нема врме за нов фронт“, рече Путин додавајќи: „Тие треба да ја спасат сопствената драва.“ Израел наводно е загрижен дека руската вклученост во борбите меѓу сириските владини сили и исламистичките бунтовнички групи, може да резултира во ненадејно разменување на оган.