Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба во Москва да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, за да дискутираат за военото ангажирање на Кремљ во Сирија. Се очекува на средбата Нетанјаху да изрази загриженост за изградбата на руската воена база на сирискиот брег. Израелските медиуми известуваат дека на средбата заедно со Нетанјаху ќе присуствуваат израелскиот шеф на армијата и шефот на разузнувањето. Израел наводно е загрижен дека инволвирањето на Русија во борбите со силите на бунтовниците во Сирија може да резултира со инцидентно разменување на оган со руските сили.