Папата одржа миса пред илјадници Кубанци во Хавана

Папата Франциск одржа миса пред илјадници Кубанци во Хавана, на почетокот на историската турнеја, во рамките на која исто така, ќе ги посети и САД.

Откако беше пречекан во кубанскиот главен град на 19 септември од страна на претседателот Раул Кастро, папата го пофали неодамнешното затоплување на односите меѓу Куба и САД.

Тој ги повика водачите на двете земји да истраат на тој пат, како пример за помирување за целиот свет.

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Хавана да го поздрават папата кој низ масата народ се движење во отворен камион.