Иванов: Оставени сме сами со проблемот со мигрантите

Македонија е обвинувана за ситуацијата со мигрантите, иако тие доаѓаат кај нас од територијата на Европската унија. За жал, Унијата го заборави Балканот и oставени сме сами со овој проблем, вели претседателот Ѓорге Иванов во интервју за полскиот весник Gazeta Wyborcza.

„Ние трошиме 1 милион евра месечно за да им помогнеме, а само за зајакнување на полициските сили трошиме 800.000 евра месечно. Нашите пробеми се резултат на тоа што се случува во ЕУ - мигрантите доаѓаат во Македонија од територија на Унијата, бидејќи никој не ја чува нејзината граница“, вели претседателот Иванов.

Соработката меѓу нашите и службите на Унијата, особено Грција, констатира македонскиот претседател, е многу слаба.