Израелско бомбардирање во Појасот Газа

Израел денеска изврши воздушни напади врз Појасот Газа, откако палестинските милитанти истрелаа ракети преку границата во јужниот дел на Израел. Во изралеските напади изутрината беа бомбардирани два тренинг кампа на исламистичката организација Хамас. Засега нема информации за повредени. Милитанти од Газа синоќа истрелаа гранати кои оштетија автобус во пограничниот израелски град Сдерот, додека израелската противракетна одбрана ја собори втората ракета. Во нападите немаше повредени. Организација која изрази лојалност кон милитантите на Исламската држава ја презеде одговорноста за ракетните напади. До прекуграничното насилство доаѓа по целонеделните тензии меѓу израелските безбедносни сили и Палестинците околу џамијата Ал Акса во Ерусалим - свето место и за муслиманите и за Евреите.