Дрвен чамец со илегални мигранти е пресретнат од брод на Европската агенција за гранична контрола (Фронтекс) во регионот на Пилос, Полуостров Пелепонес, во Јужна Грција.
Според првичните податоци во чамецот имало околу 200 илегални мигранти.
Хеликоптер на грчките поморски сили успешно ги пренел повредените во болница во градот Каламата. Чамецот со останатите бегалци се очекува да пристигне во пристаништето во Каламата.