Хан: Работата штотуку започна

Во седиштето на Европската унија во Скопје денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети оствари работна средба со комесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан. Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Хан разговарале за спроведувањето на договорот од 2-ри јуни и на протоколот од 15-ти јули, предизвиците со кои се соочува овој процес и за перспективите на Брисел за Македонија. Еврокомесарот Хан високо ја оценил улогата на Ахмети и на ДУИ во преговорите на работните групи за спроведување на договорот и истакнал дека „работата штотуку започнала“. Претседателот на ДУИ нагласил дека договорот треба целосно да се спроведе, а политичките лидери да останат доследни на дадениот збор во Пржино.