Хан: Очекуваме исполнување на договорот

Ова време е од суштинско значење за Македонија. Сите очи се свртени кон вас да го сработите своето пред октомврискиот извештај за напредокот на земјата кој треба да ги нотира достигнувањата. Ова го истакна еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции. Тој го поздрави политичкиот договор постигнат со помош на Европската унија како важен чекор кон ЕУ, бидејќи, како што рече, покажа дека интересите на државата и на граѓаните се ставени пред партиските интереси, а сега, нагласи, важна е неговата реализација. „Се радувам на враќањето на опозицијата во Парламентот и изборот на новиот Закон за специјален обвинител и на специјалната обвинителка. Таа ќе ја добие целата потребна поддршка за да може да си ја врши како што треба својата работа“, рече еврокомесарот Хан.