Руско сајбер шпионирање во САД, Европа и Азија

Русија седум години вршела сајбер шпионирање во Соединетите држави и во земјите во Европа и Азија. Ова се наведува во извештајот на фирмата за интернет безбедност од Финска „Еф секјур“. Во извештајот се предупредува дека голема и добро платена хакерска група позната под името „Војводи“ шпионирала за руската влада. Притоа се откриваат и големите напади што оваа група ги извела во изминативе седум години. Во извештајот исто така се прецизира дека хакерите користеле алатки за крадење информации инфилтрирајќи се во компјутерските мрежи. Некои од целите на ваквото шпионирање биле и министерствата за надворешни работи на Турција, Украина и Полска, како и некои организации во Соединетите држави. „Сите знаци покажуваат дека сето тоа било под руско државно спонзорство“, вели Артури Лехтио од „Еф секјур“.