САД: каматните стапки и натаму на најниско ниво

US federal Reserve

Американските Федерални резерви соопштија дека и натаму ќе ги задржат каматните стапки на рекордно ниско ниво како одговор на заканите од слабата економија во светот, постојаната ниска инфлација и нестабилните финансиски пазари. Се прецизира дека и покрај тоа што пазарот на трудот во Соединетите држави е солиден, последниот развој на настаните во светот би можело да ја задржат американската економска активност.