Кримските Татари ќе забранат украински производи на Полуостровот

Кримските Татари велат дека ќе почнат да ги блокираат украинските испораки на храна и други производи на Полуостровот Крим , кој беше анектиран од Русија во март 2014 година. Шефот на управувачкото тело на кримските Татари, Рефат Шубаров кој исто така е пратеник, во Парламентот на Украина рече дека долгорочната блокада ќе започне на 20 септември. Тој додаде дека на камионите кои носат украинска храна и други производинема да им биде дозволено да влезат на Крим, додека приватните возила нема да бидат запирани. Украинските власти се уште не ја коментираа ваквата иницијатива.