Еврокомесарот Хан вечерва ќе пристигне во Скопје

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вечерва ќе пристигне во Скопје каде што утре ќе учествува на Високиот политички дијалог помеѓу Европската комисија и македонската Влада. Пред поаѓање за Скопје, Хан го поздрави именувањето на специјалната обвинителка во договорениот рок, иако одлуката паднала во пет часот наутро. “Ова е прв важен чекор и доказ дека Комисијата одблиску ги следи настаните и дека ќе ги набљудува идните чекори. Тоа е важен чекор за политичка нормализација на земјата и но приказната не е завршена”, рече комесарот.