14 загинати во самоубиствени напади во Багдад

Во два самоубиствени бомбашки напади во централен Багдад, убиени се најмалку 14 лица. Ирачките власти соопштија дека цел на двата напади биле полициски пунктови во трговската област во главниот град на Ирак. Еден самоубиец удрил во областа Баб ал-Шарји убивајќи осум цивили и еден полицаец, а повеќе од 20 биле повредени. Вториот бомаш удрил на плоштадот Ватба убивајќи пет цивили и двајца полицајци, а 12 повредени. Ниту една група се уште нема преземено одговорност за нападот.