Кремљ ги осуди украинските санкции за западни новинари

Кремљ соопшти дека одлуката на Украина да санкционира странски претставници на медиумите е „тотално неприфатлива.“ Портпаролот Дмитиј Песков денеска рече дека Москва силно го осудува ваквиот потег, посочувајќи дека тоа „не е соодветно на принципите на слободата.“ Вчера Украина воведе забрани за влегување во земјата за десетина новинари, вклучително за тројца од Би Би Си, поради неопределена закана за земјата. Репортерите се дел од листата што ја потпиша претседателот Петро Порошенко со која им се забранува влез во Украина на околу 400 лица.