Украина со санкции за западни новинари

Петро Порошенко

Украина воведе нови санкции против десетина руски политичари, како и против новинари кои работат за Би Би Си и за некои германски и шпански весници. Оваа одлука е во врска со планираните избори во сепаратистичките проруски региони Доњецк и Луганск закажани за 18 октомври и за 1 ноември годинава. Според претседателот Петро Порошенко, станува збор за нелегални избори. Договорот од Минск предвидува изборите да се одржат во исто време во цела Украина, а тие веќе се закажани за 25 октомври.