Времето денеска: сончево и топло

Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност во планинските региони и со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 29 до 35 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 33 степени.