Ердоган: Запирање на војната во Сирија за решавање на бегалската криза

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска оцени дека ставањето крај на војната во Сирија е единственото решение за актуелната бегалска криза и запирањето на бранот бегалци кои од воениот конфликт бегаат кон Европа. „Затворањето на вратите пред овие луѓе и поставувањето бодликава жица на границите нема да го реши проблемот со бегалците. Вистинското решение е запирање на војната во Сирија што е можно побрзо“, изјави Ердоган. Според него Сиријците сакаат да останат да живеат во својата таковина, но тоа станало невозможно поради граѓанската војна во земјата. „Не можеме да останеме само набљудувачи, додека телата на бегалците лежат на бреговите на Средоземното и Егејското Море“, истакна Ердоган, алудирајќи на големиот број давања на бегалците при нивните обиди по морски пат да стигнат до евроските земји. Шефот на турската држава ја повика меѓународната заедница да се мобилизира и да го урне од власт режимот на сирискиот претседател Башар ел Асад.