Хрватска праќа експерти за деминирање на границата со Србија

Хрватска испрати екперти за деминирање на границата со Србија каде мигрантите минуваат пеш, поради опасноста од останати мини од војната во Хрватска од 1991 до 1995 година. Има шест големи области во источна Хрватска каде хрватските сили се бореа против српките при распадот на Југаславија, каде постои зголемен ризик од останати нагазни мини. Стотици мигранти денеска се забележани како минуваат низ полињата на границата меѓу Србија и Хрватска, откако Унгарија вчера ја затвори нејзината граница. Хрватска очекува мигрантите да одат во Словенија, па потоа во Австрија и Германија.