Пет градови кандидати за Олимписките игри во 2024

Томас Бах.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави пет градови кои ќе се натпреваруваат за домаќин за летните Олимписки игри во 2024 година. Петте градови се: Будимпешта, Хамбург, Лос Анџелес, Париз и Рим. Претседателот на МОК, Томас Бах рече дека победникот ќе биде објавен во септември 2017 година. „Гледаме пет високо квалификувани кандидати“, изјави Бах, доадавајќи дека натпреварот за 2024 година ќе биеде силен и фасцинантен. Торонто и Баку ги разгледуваа можностите за влегување во трката, но се повлекоа. Коментаторите велат дека фаворити се Лос Анџелес и Париз.