Убиен командант на специјалните сили во Таџикистан

Таџикистан -Рустам Амакиев.

Судири се пријавени во Таџикистан меѓу владините сили и борците лојални на поранешниот заменик министер за одбрана, кој е обвинет од Душанбе за неодамнешните напади. Командантот на специјалната единица „Алфа“, полковник Рустам Амакиев е убиен во борбите на истокот на таџикистанскиот главен град Душанбе. Друг припадник на специјалните сили исто така е убиен во престрелката која почнала вчера вечер. Има и повредени припадници на специјалните сили. Извор кој учествувал во специјалната операција за таџикистанскиот сервис на Радио Слободна Европа рекол дека поранешниот заменик министер за одбрана Абдухалим Назарзода е меѓу неколкуте милитанти кои се убиени од страна на безбедносните сили. Информацијата официјално не е потврдена. Таџикистанските власти го обвинуваат Назарзода и неговите поддржувачи за нападите изврени на 4 септември, во кои беа убиени 26 луѓе.