Рохани: Иран има проблеми со инфлацијата и невработеноста

Претседателот на Иран Хасан Рохани предупреди дека недостигот на вода, невработеноста, инфлацијата и проблемите како зависноста од дрога се закана за Исламската Република. Рохани рече: „Нашите непријатели не се само Ционистите, Америка и терористите.“ Тој рече дека Иран има други непријатели кои мора да бидат поразени, вклучително инфлацијата, економскта стагнација и губењето на моралот. Според некои проценки повеќе од 5 милиони луѓе во Иран имаат проблем со дрога.