Повеќе пари за Грција за справување со бегалската криза

Германската Влада сугерира издвојување на повеќе пари од европските фондови за Грција, за да и се помогне на земјата во справувањето со бегалската криза. Министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезиер во интервју за германската телевизија ЗДФ, изјави дека има разбирање за ситуацијата во која се наоѓа Грција со напливот на бегалци од Блискиот исток, но ги критикуваше грчките власти што само ги пропуштаат луѓето преку својата територија, кон другите земјиво ЕУ.

Тој сепак се заложи на Грција да и се доделат повеќе финансиски средства, со цел уште таму да почне запирањето на бранот од бегалци. Според Мезиер, привремената влада во Атина првпат досега е подготвена да разговара околу уредувањето на голем прифатен центар во кој бегалците би биле регистрирани, пред да се види што со нив понатаму. Во ваквиот проект, би се вклучиле и ОН и посебно Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), вели германскиот министер, кој оценува дека сега е решавачки момент околу крозата на кој треба брзо и ефикасно да се реагира.