Продолжува спроведувањето на иранскиот нуклеарен договор

Шефот на нуклерното надзорно тело на Обединетите Нации наскоро ќе го посети Иран за одржување на понатамошни разговори за контролата на нуклеарните објекти во Иран. Шефот на Нукеарната агенција на Иран, Али Акбар Салехи изјави дека шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано ќе допатува во Техеран во следните 3 или 4 дена. Исто така денеска се очекува во Техеран да пристигне тим на Агенцијата од 12 членови. Иран и шесте светски сили во јули постигнаа историски нуклеарен договор, кој предвидува Техеран да ја намали нуклеарната програма во замена за укинување на меѓународните санкции.