ЕУ го поздрави договорот за Специјалниот обвинител

Го поздравуваме договорот што утринава беше постигнат од политичките партии во Скопје за избор на Специјален обвинител, којшто е важен елемент од политичкиот договор што беше олеснет од комесарот Хан и неколку европратеници во јуни и јули, изјави портпаролка на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

„Очекуваме усвојување на релевантен закон во Парламентот и очекуваме дека Специјалниот обвинител ќе ја добие целата потребна поддршка за да ја исполни важната задача што ја има.“

Коцијанчич истакна дека комесарот Јоханес Хан на 18-ти септември планира да патува во Скопје и оти очекуваат за време на посетата да се обнови дијалогот на високо ниво.