Иран: Кина да помогне во конфликтот на Блискиот Исток

Иран сака Кина да помогне во решавање на тензиите и немирите на Блискиот Исток, а Техеран е подготвен и да прими повеќе кинески компании, откако санкциите против земјата ќе бидат укинати. Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф денеска говореше во Пекинг, на почетокот на средбата со неговиот кинески колега Ванг Ји. Договорот од јули меѓу Иран и шесте светски сили предвидува укинување на меѓународните санкции против Иран во замена за намалување на нуклеарната програма на Техеран, за која Западот се сомнева дека земјата сака да развие нуклеарно оружје. Кина е најголем купувач на иранската нафта, а Зариф рече дека нивните економии се комплементарни.