Словенија подготвена за повеќе илјади мигранти

Словенија е подготвена да прифати повеќе илјади мигранти доколку тие тргнат кон таа држава по затворањето на унгарско српската граница, соопшти словенечкото министерство за внатрешни работи. Министерството ги повика општините и граѓаните да покажат солидарност и да ги прифатат мигрантите, доколку тоа биде потребно. Словенија би можело да стане една од главните транзитни земја за мигрантите кои сакаат да стигнат до западна Европа, по строгите мерки што ги воведе Унгарија.