Се уште без договор за специјалниот обвинител

Петнаесетти септември е рокот што, според договорот од Пржино меѓу четирите најголеми партии во Македонија за надминување на политичката криза, треба да се избере специјален обвинител. Според извори од партиските работни групи на преговорите со меѓународно присуство во Скопје, се уште не бил постигнат договор за ова прашање. Белгискиот експерт Питер Ванхауте во петокот изјави дека била подготвена предлог верзија за измена на Законот за избор на специјалниот обвинител која тој ја претставил пред работните групи. Според договорот од Пржино, новиот специјален обвинител треба да има целосна автономија да ја води истрагата за случаите „Прислушување“ и „Пуч“.