Министрите на ЕУ се договорија за распределба на 32.000 бегалци

Министрите за внатрешни работи на Европската унија на состанокот во Брисел се согласија за првична распределба на околу 32 илјади бегалци од Италија и Грција во други земји на ЕУ. Бројката е помала од првичното барање на Европската комисија за распределба на 40 илјади бегалци и далеку помала од вкупната бројка за распределба на 160 илјади бегалци. Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск рече дека ќе ги повика лидерите на вонреден самит ако нивните министри за внатрешни работи не можат да се договорат за решение. На 9 септември Јункер претстави итен план за справување со бегалската криза во Европа.