Средба на претседателите на Таџикистан и Казахстан

Таџикистанскиот претседател Емомали Рахомн и казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев денеска се сретнаа во Душанбе, на ден пред самитот на Организацијата на договорот за колективна безбедност. Двајцата лидер иразговарале за економскта соработка и за новиот договор за стратешко партнерство.Тоа го вклучува статусот на таџикистанските мигранти кои работат во Казахстан, како и мерки за зголемување на казахстанските инвестиции во Таџикистан и за подобрување на соработката во образованието. Претседателите на Русија, Белорусија и киргистан исто така треба да пристигнат во Душанбе во текот на денот.