Руските авиони со помош пристигна во Сирија

Сириските државни медиуми јавија дека вчера два руски авиона со 80 тони хуманитарна помош пристигнале во сирискиот приморски град Латакиа. Во Москва рускиот министер за одбрана рече дека хуманитарната помош содржи материјали за поставување шатори, вклучително и кревети, душеци,печки, цистерни за вода и храна за повеќе од 1000 бегалци. Извештаите за доставување на помошта доаѓаат во период на загриженост на западниот свет поради зголеменото руско воено присуство во Сирија. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Москва доставува оружје во Сирија и дека руски советници ја обучуваат сириската војска како да го користи. Вашингтон предупреди дека зголемувањето на руското воено присуство може да боди кон конфронтации со коалицијата предводена од САД која извршува воздушни напади против екстремистичката група Исламска држава.