Заниер: Отворена можност за мировни преговори за Украина

Генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа ОБСЕ Ламберто Заниер рече дека возобновениот прекин на огнот во источна Украина ја отвора можноста преку политички разговори да се реши конфликтот. За агенцијата Асошиејтед Прес во Киев тој вчера рече дека прекинот на огнот во последниве десетина дена отвора можност за напредок на политичко ниво. Заниер рече и дека ги посетил југоисточните градови Мариупол и соседниот Широкине и ситуацијата била мирна. Во областа која се наоѓа на линијата што ги дели силите на украинската влада и сепаратистите поддржани од Русија претходно имаше интензивни борби. Договорот за прекин на огнот постигнат во Минск во февруари беше често прекршуван но страните се согласија на оживување на договорот на први септември. ОБСЕ се задолжени за набљудување на прекинот на огнот.