ОБСЕ нема да ги набљудува изборите во Азербејџан

Организацијата за безбедност и соработка во Европа ОБСЕ соопшти дека нема да ги набљудува парламентарните избори во Азербејџан кои треба да се одржат во ноември. До ваков развој на настаните доаѓа поради рестрикциите воспоставени од владата во Баку. Парламентарните избори се закажани на први ноември.

“Рестрикцијата на бројот на бројот на набљудувачите ќе направи да биде невозможно за мисијата да изведе ефективно и кредибилно набљудување на изборите” соопшти ОДИХР.
Засега нема коментар за азербејџанските власти. Азербејџанската постојана мисија во ОБСЕ во август соопшти дека земјата е подготвена да прими само шест долготрајни набљудувачи и не повеќе од 125 краткотрајни набљудувачи наместо 30 долготрајни и 350 краткотрајни. Претходните избори организирани во богатата со нафта држава предводена од претседателот Илхам Алиев во последните 12 години беа критикувани од меѓународната заедница.