Корбин избран за нов лидер на Лабуристите

Социјалистот Џереми Корбин е избран за нов лидер на британската опозициона Лабуристичка партија. Корбин кој има 66 години беше избран за време на партискиот собир во Лондон.Тој е ветеран во парламентот со долга историја на гласање против својата партија. Тој се залага за проширување на владините инвестиции во економијата и социјалните програми и широка повторна национализација на клучните економски сектори. Корбин исто така се противи на членството на Велика Британија во НАТО и во Европската унија. Неговите позиции се споредуваат со оние на грчката партија Сириза и шпанската Подемос. Поранешниот лидер на лабуристите поднесе оставка по изборите што се одржаа во мај.