Ерменија:Полицијата ги растури протестите

Полицијата во Ереван рано утринава употреби сила за да ги растера бројните демонстрантите од главните улици кои ги блокираа поради покачувањето на цените на електричната енергија. Вкупно 48 активисти беа притворени и накратко потоа ослободени. Демонстрантите, претежно млади луѓе ја блокираа улицата што води до претседателската палата откако нивните лидери ја обвинија владата дека не го исполнила ветувањето дека целосно ќе ги субвенционира високите трошоци за електрична енергија. Групата што ги организира протестите наречена „Не за грабежот“ бара од властите целосно да го повлечат 17 процентното зголемување на цените на струјата кое беше усвоено од владата во јуни.