Турција: Замрзнати преговорите за „Турски тек“

Неколкумесечните преговори со Русија за амбициознот проект за гасоводот „Турски тек“ се „замрзнати“ поради несогласувања меѓу двете страни. „Не кажувам дека преговорите се пропаднати, туку дека се замрзнати, изјави Сефа Садак Атекин, помошник советник во турското министерство за енергетика и природни ресурси, пренесува весникот „Хуриет“. Атекин ќор-сокакот во преговорите го објасни со недостигот на взаемна доверба и барањата за поголема флексибилност меѓу двете страни. Минатиот месец поранешниот министер за енергетика на Турција Танер Јилдиз ги отфрли информациите за проблеми меѓу Анкара и Москва околу проектот. Јилдиз тогаш изрази уверување дека се во тек преговори за конечно одобрување на проектот, чија изградба треба да почне во јуни.