Загриженост во НАТО за изградбата на руската воена база

НАТО изрази загриженост по извештаите дека Русија гради голема воена база во близина на границата со Украина. Официјален претставник на НАТО за Радио Слободна Европа денеска изјави: „постои загриженост кај НАТО за градењето на Русија во близина на границата со Украина и за натамошните обиди да ја дестабилизира Украина.“ Ројтерс на 7 септември објави дека Москва започнала со изградба на голема воена база во областа Белгород и оти работниците поставуваат ограда со големина на градот Валуики. Новинските агенции според официјалните документи соопштуваат дека Министерството за одбрана гради база на површина од 300 хектари. Киев и Западот ја обвинуваат Русија дека праќа војници во источна Украина како поддршка на про-руските сепаратисти.