Четири кандидати за претседателските избори во Белорусија

Централната изборна комисија на Белорусија регистрираше четири претседателски кандидати, во пресрет на изборите закажани за 11 октомври. Кандидатите беа регистринани денеска, вклучително и првата жена кандидат Тацијана Караткевич која е опозициски активист. Мешу другите кандидати е и актуелниот претседател Александатр Лукашенко, кој ја извршува функцијата од 1994 година. На последните претседателски избори во 2010 година имаше насилно растерување на демонстранти од страна на службите за безбедност, како и затворање на неколку активисти и етседателски кандидати.