Поплави во Јапонија, илјадници евакуирани

Илустрација.

Повеќе од 100 илјади луѓе ги напуштија своите домови во североисточна Јапонија, откако поројни дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето. Реката Кинугава рано денеска се излеа од своето корито по дводневни обилни врнежи, а големи количини вода стигнаа во градот Јосо, северно од Токио. Телевисзиските снимки покажуваат како хеликоптери спасуваат луѓе од покриви. Најмалку седум луѓе се исчезнати, а 17 се повредени. Дождовите се случија веднаш по тропската бура Етау, која се прошири низ централна Јапонија.