Русија и Иран можат да влијаат за крај на конфликтот во Сирија

Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд изјави дека конфликтот во Сирија ќе продолжи се додека Русија и Иран не го искористат нивното влијание врз претседателот Башар ал Асад за постигнување политичко решение. Хамонд, говорејќи во парламентарниот Комитет за надворешни работи изјави дека Британија би можела да прифати Асад да остане на власт извесен транзиционен период ако тоа помогне за завршување на конфликтот. Британија претходно бараше безусловно заминување на Асад од функцијата. Хамонд додаде дека „лидерите на Русија и на Иран можат уште утре да му телефонираат на Асад и да ја сменат ситуацијата“. Иран и Русија се двата најголеми поддржувачи на Асад.